Молитослов

Акатист на светиот апостол и евангелист Јован Богослов

Кондак 1

Од рибарските мрежи избран за проповедање на Евангелието, и од ловењето риби за ловење луѓе за светлоста на вистинско богопознание, о голем апостолу, ученику, пријателу и љубимецу Христов, моли Го единствениот вистински Човекољубец, Кого со серафимска љубов си Го возљубил, да се смилува на нас кои го просиме твоето посредување кај Него и кои ти воспеваме: Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Икос 1

Творецот на ангелските сили и секоја твар, Владетелот и Господарот Кој на Себе го прими телото наше и се јави на земјата заради спасението наше, гледајќи Го кај оди покрај Морето Галилејско и во повик апостолски те повикува тебе и твојот брат, Јоване Блажен, ги остави мрежите рибарски и отецот свој во коработ, и од тогаш непоколебливо по Спасителот тргна. Поради тоа вака ти извикуваме: Радувај се, зашто од љубовта кон Христа отецот по тело го остави! Радувај се, зашто преку Христа - Отецот небесен Го пронајде! Радувај се, зашто светот и неговите волшебства ги презре! Радувај се, зашто небесните блага на наем ги доби! Радувај се, зашто телото на духот потполно му го потчини! Радувај се, зашто духот свој на преслаткиот учител твој Исус Му го покори! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову! [продолжи кон акатистот]

Молитослов

  • За молитвата
  • Секојдневни молитви
  • Наменски молитви
  • Покајни молитви
  • Акатисти
  • Канони
  • Богослужбени текстови